Отчетно и транспарентно, како пратеничка од владеечкото мнозинство , како претседателка на Комисијата за образование , наука и спорт, како човек кој доаѓа од образованието со гордост споделувам што се’ сме направиле и правиме за образованието во изминативе 5 години власт предводена од СДСМ.
Точно пред 5 години првиот закон кој го донесовме во Собранието беше укинување на екстерното тестирање и укинување на казните за наставниците како последица од екстернотото тестирање.
Со тоа исправивме една ГОЛЕМА НЕПРАВДА која ВМРО ДПМНЕ ја применуваше со години за да СО ЗАПЛАШУВАЊЕ И ТЕРОР ги држи просветните работници под сопствена “контрола”, напиша на својот ФБ профил пратеничката од Охрид од СДСМ Жаклина Лазареска.
Во продолжение ја пренесуваме објавата на Лазареска во целост:
Од пред 5 години веќе нема ЕКСТЕРНО тестирање.
Нема терор, нема заплашување , нема казни за просветните работници.
Има поголеми плати, подобри услови за работа , има можност за професионален развој и негово вреднување.
За нас зборот е ЗБОР!
Вложуваме во квалитетно образование, во нашите млади и нашата иднина!
Го укинавме екстерното тестирање
Ги укинавме казните за наставниците по основ резултати на екстерното тестирање
Донесовме сеопфатна Национална стратегија за образованието 2018-2025
Донесовме нов Закон за високо образование
Донесовме нов Закон за основно образование
Донесовме нов Закон за субвенционирање на музички инструменти за талентирани ученици од музичко уметничките училишта
Воведовме тандем наставници за предметот спорт и физичко воспитание за учениците од одделенска настава
Ги зајакнуваме стручното и воведовме дуално образование
Со законот за формирање Математичко-Информатичка Гимназија од 2020 почна со работа нова Математичко-Информатичка Гимназија во Скопје за работа со талентарани ученици.
Донесовме нов Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, во тек е негова измена и дополна во насока на подобрување на социјалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници во основното и средното образование кое опозицијата го блокира од неразјаснети причини
Инвестираме во нови објекти, реконструиравме 80 училишта
Поставуваме енергетски ефикасни фасади и еколошки системи за греење во училиштата
Изградивме многу училишни спортски сали
За вкупно 36,3% ( до сега 21,3% + од септември 15% ) ја покачивме платата во основното и средното образование
Обезбедивме редовна исплата и поголем број и повисоки ученички и студентски стипендии
Обезбедивме месечна исплата од 2400 ден за топол оброк на сите редовни студенти од државните и приватните универзитети
Продолжуваме со социјален дијалог со репрезентативниот синдикат за образование и наука
Во услови на пандемија од КОВИД 19 успешно применуваме комбинирана онлајн и настава со физичко присуство на учениците
Во секој нов Буџет ги зголемуваме средствата на Буџетот за образование, блок дотациите и капиталните инвестиции во образованието
Децата со попреченост од оваа учебна година имаат образовни асистенти во училиштата.
За оваа намена издвоивме почетно 54 милиони денари и ангажиравме 500 образовни асистенти за учебата 2021/2022 година.
Секој има право да знае, да учи, да се вклучи!
Пристапивме кон реформи во основното образование со отворена ШИРОКА, СЕОПФАТНА , ЈАВНА расправа со сите инволвирани, стручни и компетентни лица и пошироката јавност за новата Национална концепција во основното образование.
Во фаза на реализација на Проект за унапредување на основното образование сме
Проектот за унапредување на основното образование е дел од новата четиригодишна Стратегија на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за партнерство со земјата за периодот 2019-2023 година.
Основната цел на проектот е да ги подобри условите за учење во основното образование во земјата.
Вкупната вредност на проектот изнесува 21.5 милиони евра и истиот се имплементира преку Единица за управување со проектот, која веќе функционира во рамките на Министерството за образование и наука.
Во имплементацијата на проектот се вклучени и Бирото за развој на образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, општините и основните училишта.
Проектот ќе влијае на широка група на засегнати страни како што се наставници, ученици, родители, службени лица од локалната самоуправа, ранливи категории.
Влогот во образованието е влог за подобра иднина на државата, на општеството!
Продолжуваме!
извор: ФБ Жаклина Лазареска
фото: ФБ Жаклина Лазареска
