Започна асфалтирањето на улица „Спас Банџов“ во центарот на Охрид. Се реконструира целата улица со должина од 160 метри и ширина од 5 метри. Претходно се реализираа подготвителни активности , гребење и чистење.
Проектот е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и се реализира со средства од буџетот на Општина Охрид.
општина Охрид