АктуелноОхрид

Народниот театар од Охрид ја подготвува “Секс, лаги и љубомора”, премиерно ќе се изведе на „Охридско лето“

Во подготовка сме на нова претстава, чија премиера е планирана на фестивалот “Охридско Лето”.

“Секс, лаги и љубомора”, текст на Марк Камолети. Режира Коле Ангеловски, а гостин актер е нашата охриѓанка, актер во МНТ – Марија Новак. Играат и актерите од домашниот ансамбл: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска, Адријана Билловиќ Тодороска и Биљана Билловиќ Вељаноска, велат од Народен театар Охрид.

фото: ФБ Народен театар Охрид