Завчера во 23:10 часот во СВР Охрид приведено е лице на (23) години од Охрид.
Тој претходно, на бул.„Туристичка“ во Охрид, кога забележал полициски службеници, исфрлил кутија во која имало две пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега.
Дрогата е одземена, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.