четврток, март 28, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Случена сообраќајка кај Струга, повредени две лица меѓу кои и дете

Две лица од кои едно малолетно се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера на локалниот пат сeлата Велешта и Добовјани.

Во несреќата, како што информираат од МВР, учествувале патничко возило „голф 5“, управувано од  лице на (28) години од Струга и патничко возило „голф 4“, управувано од  лице на (20) години  од с.Горно Татеши, двете со струшки регистарски ознаки.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле лицето и малолетниот  сопатник од возилото „голф 4“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од полициска екипа.