„Енхелеус Лихнид“ денес организираше голема еколошка акција во најголемиот парк во Охрид.
Мисијата да ова култно место, кое за жал останало на забот на времето го претвориме во место за уживање и место кое ќе шири култура, полека полека станува успешна.
Денес заедно со активисти од Еколошко друштво „Грашница„ „Чист Охрид“ , Ј.П. „Охридски Комуналец“ „Културолошка иницијатива 5 до 12“ , Kasarna Hub и највредните ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј “ се исчисти просторот околу касарната и амфитеатарот кој сега може повторно да се стави во функција за културни активности.
Со ваквите акции ги поттикнуваме и останатите да се приклучат кон еко- акциите или оние кои не можат да присуствуваат можат да донираат средства преку онлајн – платформата https://ecrowd.mk/…/773b3380-124f-4920-8151-c7d5c005076f
Средствата ќе бидат искористени за касарната да ја вратиме во комплетен сјај
Чист Охрид