АктуелноОхрид

(ФОТО) Во Вевчани се чисти депонијата која беше наменета да биде за цврст отпад, а се користеше за секаков отпад – во иднина секое непочитување ќе се санкционира

Денес започнавме со чистење на депонијата која беше наменета да биде – депонија за цврст отпад. Меѓутоа за жал таа се користеше и како депонија за секаков отпад.


Преполна е!
Нејзиното постојано чистење општината ја чини многу финансиски средства. Тоа се пари на сите нас граѓаните.


Апелирам, повеќе да не се користи оваа локација за транспортирање на отпад.
– Ќе биде строго забрането!
– Ќе се постави рампа!
– Ќе се постави и видео надзор!
– А секое непочитување ќе се санкционира, напиша на својот ФБ профил Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

извор: ФБ Спасе Кочовски
фото: ФБ Спасе Кочовски