петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

ОО СДСМ Охрид: Охриѓани имаат право да ја знаат правата вистина!

Денес се одржа 11. седница на Советот на Општина Охрид. Тежината на суштината и содржината на дискусијата не ја прават дрските и арогантни излагања, туку издржаноста во зборот и пред се’ вистината кажана за граѓаните! Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина, бидејќи токму нивните избраници полемизираат за граѓанските работи, проблеми и секојдневие.
Зборувајќи денес за општинскиот буџет, координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска, детално, прецизно и описно ја изложи вистината за општинскиот буџет притоа напоменувајќи дека минатогодишниот буџет беше високопроектиран со повеќе од 80.милиони денари за разлика од овогодинешниот буџет, се вели во објавата на ФБ од ОО СДСМ Охрид. Од партијата во објавата го објавуваат говорот на советничката Живка Ангелоска. Истиот ви во пренесуваме во целост:

“Анализирајќи ги извештаите за првиот квартал по програми евидентно е дека процентот на реализација e различен, мал број на програми со реализација од 20%, најчесто реализацијата на програмите е околу 10%, но за жал и програми со реализација 0%. Би ги истакнала како успешни програмата за изградба на системи за водоснабдување и
програмата за системи за одведување и прочистување на отпадни води со реализација од 33, односно 26%.

Спротивно на нив имаме реализација од 0 % вo програмите за енергетска ефикасност, капитални инвестиции во програмата за детска заштита и средно образование , одржување и заштита на улици и патишта 0%, изградба и реконструкција на патишта и улици со скромни 0, 83%.
И покрај тоа што формиравме комисија за урбанизам и утврдивте месечен паушал за нејзините надворешни членови во износ пд по 14000 денари со образложение дека на овој начин ќе се интензивира процесот на донесување урбанистички планови имаме реализација од само 2,43%. Програмата за поддршка и развој на туризмот бележи реализација од само 8%.Co oглед на тоа што предвидени се активности за поттикнување и развој на туризмот би требело тие aктивности да бидат во напредна фаза за да можат да придонесат за побогата туристичка сезона.
Зборувам за адреналинскиот парк и памп трак полигонот, односно кружната патека за велосипеди за кои сте образложиле дека суште не сте добиле одобрение за поставување урбана опрема. Ќе го спомнам и градскиот систем за вепоследи од програмата за ЛЕР за кого сте го подготвувале тендерот. Со ваква динамика на работите се поставува прашање дали би можеле воопшто да очекуваме реализација на овие проекти во календарската година.

Програмата за други комунални услуги освен средства за чистење не дивите депонии ни денар за одржување и чистење на речни корита, а сеуште се подготвувал тендерот за мобилни тоалети.
Збирно реализацијата на основниот буџет изнесува 17% од вкупно планираните средства. Најголем удел во реализираните 17% имаат средствата дадени од општината за јавни orлаcи – финансирање и субвенционирање на проекти на невладини организиции, трансфери кон спортски клyбови и јавните претпријатија , а НАЈМАЛ УДЕЛ имаат проектите и активностите планирани во буџетот за оваа годигна. За реализација на проектите што сте ги панирале во оваа година вашето објаснување е дека се прават предмер – пресметки, се анализира состојбата, се ажурира состојбата или се подготвува техничка документација. Ако се движат вака работите, а времето брзо поминува, тогаш е многу неостварлив оној процент од 95 кој го постсвивте како главна цел. Јавно се обврзавте дека секое остварување под овој процент нема да го гласате. Како што се движат работите ќе мора ние како опозиција со нашите гласови да ви помогнеме да си ја усвоите реализација на сопствениот Буџет”.

извор: ФБ ОО СДСМ Охрид
фото: ОО СДСМ ОХРИД