вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Митева и Пецаков учесници на програма која промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД

Продуктивна средба со Douglas Heye, служел на водечки комуникациски позиции во Претставничкиот дом и Сенатот на Соединетите Американски Држави, како и директор за комуникации на Републиканскиот Национален Комитет, напиша на својот ФБ профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.
Во продолжение објавата на Митева во целост:
Заедно со Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид како претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО сме учесници на програмата за размена на политички лидери подржана од Амбасадата на САД во Македонија и имплементирана од Американскиот Совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders)
Оваа програма се фокусира на теми што се однесуваат на демократско владеење, креирање политики, изборни и судски системи и активно граѓанство.
Програмата промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД.
извор: ФБ Марија Митева
фото: ФБ Марија Митева