АктуелноОхрид

17 години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио

Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио веќе полни 17 години е верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет.
Жанко Зш Голабоски и неговата техничка екипа секое утро им посакуваат добро утро на најдобрите слушатели на најслушаната локална радиостаница во овој дел на Република Македонија, охридското Супер радио и им ја нуди најдобрата музика, спорт, вести, проверени информации и многу забава.

– Секој ден се обидуваме да започне со одбрана музика и позитивна енергија. Нашите слушатели се тука со нас и заедно ја создаваме програмата. Годиниве кои се зад нас имавме многу спонзори и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме уште многу години со исто темпо, вели Жанко.

Супер радио останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Со просечен дневен досег од 7,7% и неделен од 17,4%, Супер радио е убедливо најслушаната локална радио станица на годишно ниво во регионот и за 2021 година, и останува водечка во својот сегмент и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија. Податоците се објавени во последната официјална анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станици во вкупната гледаност, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес