АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ до ОО СДСМ: Зошто се плашите од новинарите и не ги повикувате медиумите?

4 години неспособност и неработа на СДСМ не се покриваат со снимени видеа без медиуми!
СДСМ откако катастрофално беа поразени поради неработата и неспособноста, без нималку срам објавуваат снимени и смешни видеа, се вели во реакција од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид поврзана со како што велат снименото видео од СДСМ без медиуми.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:

Зошто се плашите од новинарите и не ги повикувате медиумите?
Аматерски од нивна страна и многу наивно од нивниот портпарол кого го наседнале без да се подготви пред да прочита нарачен текст од нивниот центар за лаги и криминал.
Замислете, по 4 години власт сега споменуваат проекти за кои имаа доволно време да ги реализираат, а не само да ги лажат охриѓани.
Со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков нема место во Охрид каде што не се работи на нов проект, а во голем дел се и завршени.
Во Охрид секојдневно се работи и се решаваат проблемите на граѓаните, нешто што народот не можеше да го види претходно кога СДСМ само ветуваше и ништо не сработи.
Завршен е тендерот за реконструкција на СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” и за ОСУ ,,Св. Климент Охридски” изработени се проекти за внатрешно и надворешно уредување.
За првпат се доделија стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби.
Завршен е проектот за замена на водоводна и канализациона мрежа во ООУ ,,Братство Единство” во населба Лескајца.
Поставена нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“, како и нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“. Во Лескоец се работи на изведба на фекална канализација. Продолжува проектирањето и реализацијата на канализациони и водоводни мрежи.
Реконструкција и саниран оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“ со нов метод.