петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

Дуќаните во Охрид и Струга чекаат зелено светло за да работат и во недела

И струшкиот и охридскиот градоначалник се оптимисти дека пред стартот на летната сезона, туристичките места ќе бидат изземени од мерката „недела неработен ден“.

Пред почетокот на летната сезона, туристичките места се надеваат дека ќе бидат изземени од мерката „недела неработен ден“. По бројните реакции на дуќанџиите, општините и јавноста, дуќаните од Охрид и Струга наскоро се надеваат дека ќе ги отворат „кепенците“ и во недела, кога е најраздвижено низ чаршијата, поради напливот на туристи. Министерството за економија поднесе законски измени до Собранието за дополнување на Законот за трговија, а најавите се дека сите партии ќе дадат зелено светло за ваквите измени. Со тоа ќе се отвори можност во недела и за празници сите трговци на мало во туристичките места да можат да работат, за што ќе треба да платат 100 отсто дневница.

Пред почетокот на летната сезона, туристичките места се надеваат дека ќе бидат изземени од мерката „недела неработен ден“. По бројните реакции на дуќанџиите, општините и јавноста, дуќаните од Охрид и Струга наскоро се надеваат дека ќе ги отворат „кепенците“ и во недела, кога е најраздвижено низ чаршијата, поради напливот на туристи. Министерството за економија поднесе законски измени до Собранието за дополнување на Законот за трговија, а најавите се дека сите партии ќе дадат зелено светло за ваквите измени. Со тоа ќе се отвори можност во недела и за празници сите трговци на мало во туристичките места да можат да работат, за што ќе треба да платат 100 отсто дневница.

Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко во изјава за ДВ вели дека очекува министерот за економија, Крешник Бектеши, да ја посети Струга, при што ова ќе биде една од главните теми за коишто ќе се разговара во пресрет на сезоната. Мерко се надева дека ќе слушне позитивна вест за „недела работен ден“, што со нетрпение се очекува на охридското и струшкото крајбрежје.

Дека се отвара пат за туристичките места да бидат изземени од мерката потврдува за ДВ и охридскиот градоначаник, Кирил Пецаков. Тој вели дека законските измени коишто се во Собрание ќе ја имаат поддршката од сите партии.

„Поднесовме иницијатива заедно со угостителите, еснафот и здруженијата во однос на тоа Охрид да биде изземен од мерката. ВМРО- ДПМНЕ поднесе измени на законот којшто така предложен, за само после десетина дена СДСМ да поднесе измена на закон со иста содржина. Но, без оглед кој ги поднел измените, ние ќе ги поддржиме затоа што се важни за развојот на туризмот во пресрет на сезоната“, вели охридскиот градоначалник.

Раздвиженсот во чаршијата

Во охридската чаршија веќе е доста раздвижено. За новините коишто се крчкаат наслушнале и дуќанџиите, коишто се надеваат дека уште оваа недела ќе можат да ги отворат вратите за туристите коишто зачестија по велигденските празници. Велат дека по долгата и тешка зима, во која што едвај врзуваа крај со крај, се надеваат дека летото ќе имаат повеќе посетители и ќе ги надокнадат загубите предизвикани од пандемијата, неработењето и слабата посетеност на туристите. Дел од нив во надеж дека мерката за недела неработен ден ќе се укине за туристичките места, воопшто и не ги променија натписите на влезните врати. На нив се уште стои дека работат од понеделник до недела, а дека во летниот период вратите ќе им бидат ширум отворени за туристите речиси до полноќ.

Иницијативите да се работи и во недела во туристичките места се актуелни веќе подолго време, а деновиве кон нив се приклучи и струшкиот градоначалник Размиз Мерко. Со оглед на тоа дека Струга е град кој зависи од летната сезона, неговиот став е дека неработен ден сериозно го загрозува и негативно влијае на локалниот економски развој. Општината бараше туристичкиот сектор, гастрономијата, кафе-баровите и дуќанџиите да работат во недела за време на престојната туристичка сезона и разбирање од Владата со цел да се најде прифатливо решение.

Незадоволни беа и охридските дуќанџии. Од охридскиот еснаф на угостители повеќепати потенцираа дека нивниот сектор треба да работи токму за викендите, кога има туристи во охридско-струшкиот регион. И охридската чаршија, како една витална жила во градот, очекува за време на викенд прилив на туристи за да заживее. Но, мотивацијата да се посети градот за викендите се повеќе опаѓа, „оти кој сака да шета низ чашијата во недела и да гледа само спуштени кепенци на дуќаните“.

Мерката стапи на сила на 1 јануари годинава, а беа најавени и ригорози казни за работодавачите коишто нема да ја почитуваат. Образложението на Владата беше дека со ова решение се штитат правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела.

 

Дојче Веле