понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Авионите на НАТО надлетуваат над Охрид, ставува збор за вежба за поголема безбедност од НАТО сојузот

Авионите на НАТО надлетуваат над Охрид како дел од вежба на сојузот чиј дел е Македонија.
Низ Охрид и меѓу граѓаните одредени лица со скромни или никакви знаења од политиката и вирусологија од незнаење или други намери и цели низ градот и по социјалните мрежи шират лаги и паника дека авионите испуштање вируси од некакви болести.
Ваквите тврдења кои се пласираат од нечија глупавост или со одредена цел никако не може да се вистинити и се шират со одредена цел.

Инаку Македонија како домаќин на најголемата и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и опертивно да одговорат на операции, како и сите наши сојузнички армии, истакна вчера премиерот Димитар Ковачевски на  Отворениот ден за приказ на воздухоплови, што се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје во рамки на вежбата „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“).

Граѓаните имаа прилика одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет направија авионите од тимот A-10 Thunderbolt II и F-16.

Дополнително, присутните граѓани имаа можност да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.

Премиерот посочи дека „Брз одговор 22“ е најголемата воена вежба која што досега се реализирала во Северна Македонија. Додаде дека во неа учествуваат околу 4.600 армиски припадници од осум различни сојузнички земји.

– Вербата во целост ги демонстрира капацитетите, исто така и на тренинг центарот „Криволак“ каде што таму се одвиваат исто така вежби, а поедеднакво важно е што оваа вежба ги покажува соработката и духот на единството на Алијансата, бидејќи во неа заедно соработуваат и се надградуваат македонските, американските, британските и француските, италијанските, црногорските, грчките и албанските армиски припадници. Ваквата колективна подготвеност интероперабилност го прави НАТО најсилниот сојуз во модерната светска историја со трансатлантски димензии. Денеска будно следејќи ја состојбата во Украина гледаме зашто оваа подготвеност е повеќе од неопходна, потенцираше Ковачевски.

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј рече дека тоа што е  прикажано, со различните воздухоплови и летала, е приказ на способностите на НАТО и начинот на којшто ние заедно функционираме.

– Ми претставува задоволство што сум тука на статички приказ и што имам можност да го видам хеликоптерот апачи којшто беше распореден од страна на четвртиот полк на армискиот воздухопловен корпус на Обединетото Кралство на ова вежба. Ова е најсовремен воздухоплов, има централна улога во тоа како британската Армија се претставува во НАТО во изминативе 20 години. И тоа што денеска имаме можност да го видиме со различните воздухоплови и летала, е приказ на способностите на НАТО и начинот на којшто ние заедно функционираме. Досега успеавме заедно да функционираме и ќе продолжиме заедно да функционираме и во иднина, нагласи Галовеј.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз посочи дека се надева дека граѓаните се горди на она што го гледаат.

– Би сакала да ја истаканам својата благодарност на многу луѓе коишто придонесоа во спроведувањето на овој приказ, се разбира во спроведувањето на целата вежба. Навистина инспиративно е она што може да се види тука и што може да се постигне, а овој тим тоа го покажа, рече Брнз