АктуелноОхрид

ЈП Водовод со полни раце работи – отстранети дефекти на неколку локации

Неделен преглед на теренски активности ( 02.05 – 08.05.2022).
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 2ри до 8ми мај, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.
🛠 Отстранети беа дефекти на следните улици:
– “Дејан Војвода”
– “Петар Поп Арсов”
– “Ариф Мустафа” бр.17
– “Рашанец” бр.115
– “Партизански Одреди”
– “АРМ”
– “Кленоец” (ф300)
– Пешачка патека кај “Хотел Парк” (ф200)
🛠 Приклучени во мрежа се неколку објекти во с.Ливоишта.
🛠 Извршена е замена на два шибери со профил ф 200 , еден шибер со профил ф100 , еден шибер со профил ф80 и репарирани беа два шибери со профил ф250 и еден со профил ф100 на ул.”Македонски Просветители”.