АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Автомобилски, но и тракторски гуми на дното на Езерото – Нуркачите од „Акватек“ ги вадат, но зошто некој ги фрла?

Автомобилските гуми се честа појава низ дното на Охридското Езеро. Сме извадиле многу, но има и големи тракторски и од најмалите. Исто среќаваме и велосипедски гуми. Гуми и денес можете да видите на старите кајчина или на места каде што се паркираат пловни објекти за заштита и така ги има насекаде низ езерото.

„Не сакаме да веруваме дека некој после промена на гумите би ги фрлил во езеро“, велат од Нуркачкиот центар „Акватек“, и додаваат:

Нашите видеа имаат едукативен карактер со цел да се долови моментот дека работите кога ќе се фрлат во вода не исчезнуваат. Доаѓаат во вид на токсини во нашето тело. Затоа треба да ја чуваме животната средина зошто од истата вода пиеме сите. Нуркачи Никола и Игор Буловски, мини еко акција после тренинг.