АктуелноОхрид

Бакраческа: Поради неспособноста да обезбедите ефикасно здравство потребни се итни предвремени парламентарни избори

Македонското здравство е во хаос, тоа го потврдуваат и извештаите од Европската Комисија, а секојдневно го гледаат граѓаните, пациентите и секојдневно се справуваат со неспособноста на Власта и неспособното менаџирање на здравствениот систем, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ од Охрид Д-р Грација Бакраческа. Бакраческа прашува:
Јавноста и граѓаните ве прашуваат до кога?
Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат ваков здравствен систем.
Граѓаните заслужуваат модерно, софистицирано и пред сѐ фунционално и ефикасно здравство.
Поради неспособноста да обезбедите ефикасно здравство потребни се итни предвремени парламентарни избори и коренити промени во сите сектори!