понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Утре прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Охрид

Поради изведување на градежни активности што се дел од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“, а со цел подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во централното градско подрачје, на ден 05.05.2022 год. (четврток) од 07:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици:

„Македонски Просветители“, „Кеј Македонија“, „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“, делови од „бул. Туристичка“ (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа „Макпетрол“), „Гоце Делчев“, дел од „Бистрица“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.