понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Левица Охрид со апел до инспекциските служби да извршат увид на објект во Лагадин, велат Битолски бизнисмен гради дивоградба

ЛО Левица Охрид со апел до инспекциските служби да извршат увид на објект во Лагадин.
До ЛО Левица Охрид, пристигна информација во која стои дека на 2 мај, понеделник (неработен ден за сите граѓани на Република Македонија) имало градежни активности на објект во Лагадин, кој според лицето кое ја испрати информацијата, е сопственост на еден познат битолски бизнисмен и е дивоградба, чие име ни беше испратено во приватна порака, но ќе почекаме надлежните да го соопштат, се вели во соопштението од Левица Охрид.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Освен тоа, со градежниот шут е направена депонија во непосредна близина, со што се врши загадување на животната средина.

Апелираме до соодветните инспекциски служби да извршат увид и да постапат според законот и според Извештајот на УНЕСКО.

Во прилог ги испраќаме фотографиите од објектот и од градежниот шут.

 

фото: Левица