АктуелноОхрид

Давеникот е маж, кој ловел риби во Езерото

Безживотно тело денеска извлечено од Охридското Езеро, кај месноста Горица втора. Неофицијално од извори во истрагата дознаваме дека станува збор за маж кој ловел риби од карпата, но извори за Охрид 1 велат дека се лизнал и паднал во водата.