Почитувани граѓани:
‼️50 милиони денари плус од предвидените за реализација на проектот за реконструкција на улицата “Македонски просветители”, зошто❓️, кога веќе целиот проект се реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” со финансиска поддршка од Светска банка❗️
Есапот на локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, не излезе точен. На денешната 10та седница на совет, градоначалникот Кирил Пецаков соопшти дека општината ⁉️ќе треба ⁉️да обезбеди дополнителни средства за реализација на овај капитален проект ❓
Но, Пецаков не даде никакво образложение за што ќе бидат наменети парите и зошто се потребни дополнителни трошоци, валат од ОО СДСМ. Во продолжение од СДСМ додаваат:
Господине Пецаков, со оглед на тоа што се работи за средства од граѓаните, бараме јавно, отчетно и транспарентно да им објасните на граѓаните на Охрид како ќе ги обезбедите тие средства од буџетот на Општината, кои патем не се предвидени ни во годишниот буџет ? Детално и прецизно да изложите во кои постапки ќе ги искористите средствата од 50 милиони денари и јасно и експлицитно да кажете каде точно и за кои делови од реконструкцијата ќе се искористат средствата ❗
Граѓаните кои Ви ја дадоа довербата имаат право да знаат како и каде се трошат нивните пари! 🚨🚨🚨
Јавно е познато дека реконструкцијата на улицата “Македонски Просветители” е проект кој беше најавен уште во 2020год., а договорот за негова реализација официјално беше потпишан на 3ти септември од претходниот градоначалник Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Градоначалникот Кирил Пецаков го наследи овај проект од минатата Локална самоуправа предводена од СДСМ. Официјално работите околу реконструкцијата на оваа сообраќајница започнаа на 21 ноември, минатата година, а според Пецаков треба да завршат до 1ви јуни.
Останува да се види ДАЛИ ветувањата за целосно завршување ќе се реализираат во наведениот термин или охриѓани и овој пат ќе бидат излажани од локалната самоуправа❗
Со почит,
ОО СДСМ Охрид