АктуелноОхрид

Одржано продолжението на 8-та седнца

Советниците во Советот на Општина Охрид, денес по завршување на 10-та Седница   го одржаа продолжението од прекинатата 8-ма Седница  која започна на 10.02.2022 година.

Беа усвоени 28 точки од дневниот ред меѓу кои  Предлог – одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко- планска документација  со цел вклопување  на бесправно изградените објекти во селата Пештани, Лескоец, Долно Лакочереј, Плаќе, Велестово, Трпејца, Коњско, Елшани и  Љубаништа.  Не беа усвоени пет точки од дневниот ред, Предлог одлуките  за утврдување  потреба од  донесување урбанистичко- планска документација, со цел вклопување  на бесправно изградениот објект  на КП. Бр. 869/1 и 869/2 КО Охрид 4  и на КП. бр. 869 /1 КО Охрид 4. Не беше усвоена Предлог – одлуката  за утврдување потреба  од донесување  урбанистичко- планска документација , со цел  вклопување  на бесправно изграден објект  на КП. бр. 4228/4 КО Охрид 4. Советниците не ги изгласаа и Предлог –одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска  документација, со цел вклопување  на бесправно изградените објекти  на КП. бр. 869/1 КО Охрид 4 (втор предмет)   и на КП. бр. 869 /1 КО Охрид 4 (трет предмет).

општина Охрид