АктуелноОхрид

Проф. д-р Снежана Дичевска избрана за нов декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид

Проф. д-р Снежана Дичевска избрана за нов декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

-На 42-та седница на Наставно научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, за нов Декан на факултетот е избран Проф. д-р Снежана Дичевска, редовен професор. Мандатот на новиот декан во траење од три години започнува од први октомври, информираат од ФТУ.

Проф. Снежана Дичевска во претходните седум години ја извршуваше функцијата Продекан за финансии.