АктуелноОхрид

(ФОТО) Охрид дел од кружните тури кои се нудат во Австрија

Охрид како дел од поголема кружна тура низ Балканот која се нуди по цена од 799 евра од вчера се рекламира на флаери кои се дистрибуираат низ супер маркетите на Лидл во Австрија.

Понудата потенцијалните туристи може да ја купат и онлајн и да патуваат на повеќе дневна тура низ Балканот.

Покрај Охрид во понудата е ставено и Скопје.

Понудата за балканската тура е на страните на флаерот за попусти и цени во Лидл кој за пазарот во Австрија има тираж од 2 милиони примероци.