АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Воскресението Христово е празник кој е симбол за бесконечната божја милост за човекот

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.
Воскресението Христово е вечна победа на животот над смртта. Празник кој е симбол за бесконечната божја милост за човекот. Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон човештвото од Велигден.
Во овој тежок период на многу кризи потребно ни е заедништво и солидарност.
Да бидеме исправни пред себе и пред Бога!
Да бидеме чесни и праведни, да создаваме убави и позитивни дела за Охрид и Македонија!
Посакуваме мир, љубов, здравје и среќа.
Честит празник Воскресение Христово – Велигден!