Во текот на вчерашната вечер, помеѓу 16-ти и 17-ти април 2022 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија.
– При тоа се санкционирани 175 возачи. Од нив 35 на територија на СВР Штип, 24 на територија на СВР Скопје, по 20 на територија на СВР Охрид и СВР Куманово. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.