АктуелноОхрид

Пецаков:На сите сограѓани од католичка вероисповед кои го празнуваат Велигден, им посакувам празникот да го поминат во мир, добро здравје и семејна среќа

На сите сограѓани од католичка вероисповед кои го празнуваат Велигден, им посакувам празникот да го поминат во мир, добро здравје и семејна среќа. Само со почитување на традициите и христијанските вредности, можеме да го сочуваме својот идентитет и вредностите на нашето општество. На тој начин духовното благо го чуваме за идните генерации како наследство од нашите претци од кои сме научиле да го цениме заедничкиот живот, достоинство и солидарност.
На овој празник, кога го славиме животот и вистинските вредности се мотивираме да правиме добри дела со желба Светот да биде подобар, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во продолжение на објавата градначалникот додава:

Во деновите кои ни претстојат посакувам мислите да ги насочите на мир, љубов и слога меѓу луѓето. Нека завладее спокој во душите, а во семејствата радост. Само со силна вера и надеж за подобро утро можеме да истраеме на Христовиот пат на љубовта, вистината и правдата. Нека е честит и благословен Велигден!