АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и покрај огромните финансиски средства не го исполни своето ветување за решавање на колекторскиот систем

Наместо комплетна санација на колекторскиот систем, едно од многуте ветувања на СДСМ, охриѓани за возврат од нив добија двојно поголеми сметки за колектор и нови непродуктивни партиски вработувања, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

Останаа само сликите и празните зборови и покрај спроведениот инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина со кој се потврдува дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро кај Воска.
За ваквата неспособност и тоталната незаинтересираност за заштита на животната средина и езерото неопходна е оставка од директорот на ЈП „Колекторски систем”, Владимир Алексијоски.
Колекторот е нефункционален, а неажурноста на централната власт предводена од СДСМ да го реши проблемот е очигледна.
СДСМ и покрај огромните финансиски средства не го исполни своето ветување за решавање на колекторскиот систем со цел граѓаните да имаат чиста и квалитетна езерска вода.