АктуелноОхрид

(ФОТО) Жителите од ул. Никола Петров Русински се жалат, од дома може да излезиме само со гумени чизми

Жителите од ул Никола Петров Русински неможат да излезат од своите домови. Како што велат во дописот испратен до Ohrid 1,  целата улица е ископана веќе една година, а сега поради обилните врнежи од дожд, по истата може да се помине само со високи гумени чизми.

Во дописот тие уште посочуваат  дека пред една година поради прекопување на истата од страна на ЕВН,  улицата била оставена раскопана, а веќе една година никој не превзел ништо за да ја асфалтира.