АктуелноОхрид

Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности повторно во општинските организации на Црвениот крст!

Поради ситуацијата со епидемијата со вирусот Ковид-19, две години една од најважните алатки за регрутирање нови волонтери- ПХВ програмата немаше можност да се реализира во оштинските организации во нашата држава.
Оваа година, почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, 20 младинци од секој град ја имаат можноста да бидат ПХВ младинци и да создаваат проекти ки ќе бидат корисни за заедницата и ќе им помогнат да стекнат подобри вештини и знаење.
Во Oпштинска организација Охрид се оддржаа трите ПХВ обуки, каде младинците го добија првичното знаење за ПХВ програмата и за движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Сега младинците се спремни да излезат на терен, да ги реализираат своите идеи и да стават насмевка на многу лица!
Црвен крст Охрид