Вечерва се одржа општинската конференција на која присуствуваа Подпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска, пратениците Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски, членовите на ЦО на СДСМ Катерина Лазороска Јанческа и Димитар Рилкоски, досегашното раководство и останати делегати.
Делегатите едногласно ја избраа предлог листата за членови на Извршниот и Надзорниот одбор на ОО СДСМ Охрид, на предлог на Претседателката Кристина Крлеска Деспотоска.
Претседателката Кристина Крлеска Деспотоска посака многу успех и плодна работа на идното раководството, кои ќе имаат за цел повторно враќање на СДСМ на победничките патеки.
-стои во ФБ објавата од ОО СДСМ Охрид.