АктуелноОхрид

(ФОТО) Пецаков: Одбележавме годишнина од смртта на Методиј Патче и годишнина од смртта на Благојче Крстаноски

Денеска, одбележавме две значајни годишници. Едната е годишнина од смртта на Методиј Патче, а другата е годишнина од смртта на Благојче Крстаноски, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
👉 Методиј Патче бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
👉Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.
👉По тој повод делегации на Општина Охрид положија свежо цвеќе пред нивните спомен обележја.
👉 Свежо цвеќе положија и членови од фамилиите, институции, Здруженија и претставници на политички партии.