вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

СВР Охрид казни 41 пешак кои извршиле небезбедно преминување на улица, од нив 17 се во Охрид

На 06.04.2022 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 41 пешак кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-17, Струга-19, Кичево-04, Дебар-01). Контролите на пешаците во сообраќајот ќе бидат интензивирани и во наредниот период, а целта е задолжително и доследно почитување на законската обврска за користење на пешачките премини при премин на коловозите и подигнување на нивната сообраќајна безбедност.