АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков во Женева се сретна со нашата амбасадорка при Обединетите нации, Теута Агаи – Демјаха

Во рамки на посетата на Женева, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се сретна со нашата амбасадорка при Обединетите нации Н.Е. Теута Агаи – Демјаха.

“На средбата поразговараме за соработка со Амбасадата во областа на туризмот, односно во промоцијата на Охрид, со цел привлекување на што повеќе туристи. Понатака разговаравме за швајцарскиот модел во развојот на руралниот туризам. Се надевам дека со заеднички сили ќе успееме да привлечеме повеќе гости во Охрид”, напиша Пецаков на Фејсбук.