АктуелноОхрид

In memoriam: Почина поранешниот медиумски работник Пулески Ацо

На 49-годишна возраст, синоќа во Охрид почина поранешниот медиумски работник Пулески Ацо.
Своевремено Пулески беше дел од екипата на охридското Супер радио, а работеше и во други локални медиуми. Важеше за голем пријател, секогаш насмеан и позитивен човек, во секое време расположен да помогне и да подаде рака.

Посмртните останки на Пулески ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид, утре, во периодот од 14:00 до 14:30 часот.

извор: ОхридПрес