Со вклучени сирени и многу емоции, охридските пожарникари денеска го испратија во пензија својот колега Ацо Атанасов- Митуш.
Тие пристигнаа пред неговиот дом во Охрид и со запалени бакли достојно и со почит му посакаа мирни пензионерски денови на својот колега.
Ацо Атанасов, покрај ангажманот во охридската територијална противпожарна единица (ТППЕ) е и потпретседател на Здружението на акцијаши „Брег на Младоста“.