Веќе неколку пати безмилосно се пали трската во Струга, никој не презема одговорност ниту се прави нешто за да се фатат сторителите. Ниту локалната власт предводена од Мерко, ниту МВР, обвинителството, буквално никој.
Трската е исклучително важна за биодиверзитетот на езерото, таа е дом за гнездење на различни видови на птици, а нејзиното уништување значи и уништување на живеалиштата на животинскиот свет, на нивниот простор за безбедно размножување, особено на рибите.
Уништувајќи ја трската се уништува живот.
Овој проблем не е од сега, палењето на трската е нотирана и во извештајот на УНЕСКО.
Проблем е што никој не реагира, ниту прави нешто за да го спречи ова.
Прашањето е, која причината за сето ова?
Можеби нови дивоградби, кафичи, спортски сали, згради или слично?
За апетитите на властите ќе го ризикуваме нашето езеро и животот во него?
Апелирам веднаш да реагира Министерството за животна средина, МВР, обвинителството и локалната власт, доколку таа не го аминува сето ова.
Ова веднаш мора да запре!
-стои во ФБ објавата од пратеникот во Собранието Јован Јаулески.