петок, март 29, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Македонската ИТФ повторно дел од Европската Таеквондо ИТФ елита во Пореч–Хрватска

Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан , поранешен светски вицешампион  , од  25.03 – 02.04  2022 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ  првенство во Пореч – Хрватска

Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”,  Македонската ИТФ  повторно ќе  биде дел од Европската Таеквондо ИТФ елита во Пореч–Хрватска

Боите на нашата држава ќе ги бранат пет искусни натпреварувачи:

Хриситјана Парулеска, црвен појас ,ќе се натпревараува  во девојчиња  11-14 години во две дисциплини ,  форми за црвен појас,  борби  – 45  кг.

Давид Крстески, црн појас I дан ,  ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години  во две дисциплини,                 форми црн појас  I дан ,  борби – 55  кг.

Елена Јанеска, црн појас I дан ,  ќе се натпревараува војуниорки  14-15 години  во две дисциплини,                  форми црн појас  I дан ,  борби – 65  кг.

Давид Велковски, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини,                                               форми црн појас  I дан ,  борби – 71  кг.

Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан ,  ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини,                               форми црн појас  I дан ,  борби – 85  кг.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките  течеа последните 2  месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати,иако поради ситуацијата со Ковид 19  го изгубивме континуитетот на натпревар,  сепак според нивниот историјат  можеме да веруваме во овие наши натпреварувачи . Познато ни е дека Давид Крстески на 11 години се закити со медал  од Европското првенство во Римини –Италија 2019 , а Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски  на Светското првенство во Пловдив-Бугарија 2019 стигнаа до четвртфинале во борби , што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство, сите натпреварувачи имаат  освоено  многубројни медали , па се надеваме дека ќе го дадат максимумот  и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.

Исто така , Марјанчо Лазаревски  корисити прилика да изрази најголема благодарност на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за нивниот настап на ова Европско првенство,а воедно и за сите нивни успеси.