Возило марка пасат попладнево удри во бетонските блокови кои го пренасочуваат патниот правец од автопатот Охрид-Кичево во непосредна близина на влезот од Охрид.
На местото на незгодата излезена беше полиција на увид, при што сообраќајот на воилзата се регулираше наизменично од двете сообраќајни ленти.
Причинета е само материјална штета, возачот на возилото е во добра состојба.
Автопатот се гради повеќе од 8 години, а до сега се случија стотици сообраќајки од кои многу и со смртен исход.