Општина Охрид ги известува добитниците на студентски и ученички стипендии дека ќе може да ги подигнат договорите за стипендирање од 21.03.2022 година (понеделник) до 23.03.2022 година (среда) во просториите на советничката канцеларија на општина Охрид од 08:00 до 14:30 часот.
Оваа година се обезбедени стипендии за ученици од основните и средните училиштa како и редовни студенти запишани на додипломски студии во прва година. Ученичките и студентските стипендии се предвидени во Програмата за образование и се финансирани од буџетот на Општина Охрид.
општина Охрид