АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Завршена реконструкцијата на старата ПВЦ водоводна линија и поставен е нов цевковод на улиците „Македонски Просветители” и „Димитар Влахов” до поштата

Целосно е завршена реконструкцијата на старата ПВЦ водоводна линија и поставен е нов цевковод од ПЕ материјал со профил ф160 мм во должина од 126 метри на потегот од крстосницата со улиците „Македонски Просветители” и „Димитар Влахов” до поштата велат од ЈП „Водовод“.

– Целосно е завршена реконструкцијата на старата ПВЦ водоводна линија и поставен е нов цевковод од ПЕ материјал со профил ф160 мм во должина од 126 метри. Извршено е преприклучување на сите околни објекти во новата линија.

Активностите се во рамките на реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ која започна во ноември минатата година. Новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување.