недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охрид ќе се претстави на саемот за туризам во Белград

Саем за туризам ќе се подржи од 24-27 март во Белград, каде свое претставување ќе имаат и повеќе општини од Македонија меѓу кои и Охрид.

На изложбен простор на 60 квад-ратни метри, на саемот ќе бидат и претставниците од четирите комори за туризам СКТМ, НУК, ХОТАМ и ССК, а се очекува повеќе од 65 најавени туристички агенции, туроператори и хотелиери кои ќе не посетат. На 24-ти и 25-ти март ќе се одржат Охридска и Дојранска вечер, а ќе има и презентација на повеќе атракции и форми на туристичка понуда.

На саемот ќе бидат претставени општините Охрид, Дојран, Гевгелија, Демир Капија и Крушево.