недела, ноември 17, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Делегација од локалната во посета на Истанбул – остварија средба со генералниот секретар на Унијата на општини, Фахри Солак

Денес, во Истанбул, Република Турција, остварив средба со генералниот секретар на Унијата на општини, Фахри Солак.

– На средбата се разговараше за продолжување на добрата соработка со Општина Охрид и продлабочување на соработката во туризмот. Се разменуваа мислења за организирање на промоција на Охрид во Република Турција.

– Разговарано беше и за размена на вработените од општинската администрација во делот на туризам со други туристички развиени општини од Република Турција. Исто така беа разменети искуства и во други области и беше разговарано за реализација на заеднички проекти.

-Унијата има 30 земји членки со повеќе од 1000 општини.