АктуелноНаш изборОхридСвет

(ВИДЕО) Големи поплави во Австралија, прогласена вонредна состојба

– Австралија станува сè полоша земја за живот поради овие природни катастрофи, изјави премиерот Скот Морисон, по обиколка на тешко погодени области.

Стапувањето на сила на Декларацијата за вонредна состојба, донесена по големите пожари во 2019 година, ќе помогне да се намали бирократијата и да се забрза процесот на давање помош, додека медиумите пишуваат дека има се повеќе критики поради бавното реагирање на австралиските власти на поплавите, што зедоа, најмалку, 21 жртва.

Официјално беше наведено дека воените лица, кои се распоредени на области за да помогнат во чистењето, ќе бидат повеќе од удвоени на четири илјади.

 

МИА