АктуелноОхрид

СВР Охрид денеска со симболичен подарок-цвеќе, за жените учеснички во сообраќајот

СВР Охрид-отсек за превенција, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска со симболичен подарок-цвеќе, на жените учеснички во сообраќајот, им го честитаа 8 март, меѓународниот ден на жената. Годинава, оваа активност се реализира и на подрачјето на Струга, Кичево и Дебар а во рамките на едукативната кампања „Жените возат одговорно“. Полициските службеници, на жените учеснички во сообраќајот им подарија и миризливи автомобилски освежувачи но и едукативни флаери, како потсетник за потребата од безбедно управување моторни возила.