Градоначалникот на Општина Охрид објавува
КОНКУРС
за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви
Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2022 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:
- сметководство;
- дактилографија на компјутер;
- курс за ЦНЦ машини;
- основен курс за компјутери;
- officeканцелариски курс;
- вонредно дооформување на образование на возрасни само за социјално загрозени лица;
- ракувачи на парни котли;
- монтер на нисконапонски инсталации;
- козметичар;
- професионално шминкање;
- слаткар и
- германски јазик А1/1.
1. Услови за доделување бесплатен курс
Предност на пријавување за овие курсеви имаат лицата кои се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работa и социјално загрозени лица кои ќе достават потврда од Центар за социјални работи, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.
Курсевите ќе започнат доколку се оформи група од 10-15 учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.
Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”.
2. Начин на пријавување
Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да достават и :
- Изјава за лични податоци;
- Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.
За курсот вонредно дооформување на образование на возрасни кој е само за социјално загрозени лица треба да се достави и потврда од Центар за социјални работи.
Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование.
- Рок на пријавување
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
општина Охрид