АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Отворен турнирот во шах ,,Езерски Бисер 2022”

Искрени честитки до ШК ,,Ласкер” – Охрид за успешната организација на овој шаховски турнир, а до учесниците витешка борба и спортска среќа со желба да победи најдобриот.
Гете рекол: ,,Шахот е вежба за умот”, со тоа докажувајќи дека овој спорт кој е стар повеќе од 2000 години е игра на исклучително паметни луѓе со висок коефициент на интелигенција и умствена дарба.
Меѓу денешните учесници уверен сум дека има ислучителни велемајстори, судиии и теоретичари, величествени играчи кои сигурно има да станат дел од светската шаховска историја.
За спортистите Охрид е одлично место за подготовки и одржување спортски настани и Локалната самоуправа со своето посветено работење придонесува Охрид да биде ставен на светската мапа не само како туристичка, туку и спортска дестинација. Токму затоа и во иднина има да продолжиме да ги поддржуваме ваквите спортски случувања, напиша во својата објава на ФБ советникот Перчо Божиноски, кој во свое лично име и во име од градоначалникот Пецаков им посака успешен натпреварувачки ден на учесниците на турнирот.