АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“, по што започнува реконструкцијата

Започнаа археолошките истражувања на плоштадот „Крушевска република“.  Веќе два дена археолозите го истражуваат просторот кај Чинарот, кој ќе се реконструира и според најавите на Локалната самоуправа ќе добие нов и модерен изглед.

Градоначалникот Кирил Пецаков и во кампањата најавуваше дека плоштадот мора да се реконструира.

„На плоштадот му е потребно дополнително уредување, треба да се постават канделабри и осветлување со лед светилки. Потребно е да се изгради фонтана, да бидат поставени садници и клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема во склоп на плоштадот,  често вели Пецаков.

И граѓаните се едногласни, дека плоштадот мора да се реконструира. Тие велат дека нема турист кој не застанал да се фотографира со Чинарот. Според  граѓаните Охрид мора да го уреди овој потег, каде минуваат туристите.