АктуелноОхрид

(ФОТО) ЈП Охридски Комуналец расчисти уште две мапирани депонии

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” расчистија уште две мапирани депонии на територијата на општина Охрид, велат од ЈП Охридски Комуналец.

„Расчистена дива депонија во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо” и расчистена дива депонија на ул.„Марко Цепенков”
Согласно Програмата за работа за 2022 год. се спроведоа активности за тековно одржување на јавната чистота на јавните површини во селата Велгошти и Лескоец.