АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Прекин на забраната за сообраќај за камиони на патот Маврово-Дебар

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија. Забраната е укината од 6,45 часот.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено по претежно влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот и по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

амсм