АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Исклучено осветлувањето на влезот во Охрид

Веќе една седмица не работи осветлувањето на влезот во Охрид на клучката попозната како „Петља“, а кое е во надлежност на „Македонија пат“.  Дали осветлувањето е исклучено за да се штеди струја заради енормниот раст на сметките или пак е дефект, надлежната државна компанија ќе треба да информира деновиве.

Веќе една недела е редуцирано и осветлувањето на булеварот Св. Наум Охридски.   Прашање кое се наметнува дали се штеди на електрична енергија поради енергетската криза и превизоките сметки, или пак станува збор за дефект кој една недела никој не го поправа. Сепак да напоменеме дека станува збор за доста прометна делница затоа што го поврзува Охрид со Рача, Пештани, Љубаништа се до Св. Наум.